Пецаков: Владиката Тимотеј беше образец на животот според Евангелието

Date:

Share post:

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати писмо за сочувство по повод смртта на Владиката Тимотеј до Синодот на Македонската Православна Црква- Охридска архиепископија и до правосвештенството.

Владиката Тимотеј беше силен пример за служење на Бог, образец на животот според Евангелието. Тој беше способен да одговори со својат љубов и грижа на секоја тешкотија и болка на човечкото срце. Беше пример на умеењето да дејствува според заповедтта на Светото писмо. Секогаш да се бара добро еден во друг и кон сите. „Секогаш радувајте се, молете се постојано, благодарете за се“.

Споменот за овој голем веледостојник, искрен слуга кон Бога и преданик на христовата вера ќе биде вечен.

Од длабочината на исполнетото со тага срце вознесувам молитва кон Бога да го успокои во небесното царство својот верен слуга, чиј цел земен пат беше насочен во спроведување на Христовата заповед, да се љубиме еден со друт, на лошото да одговараме со добрина и да правиме добри дела.

Вечен и блажен спомен за покојниот митрополит Дебарско – кичевски, г. г. Тимотеј.

СЛАВА МУ, НЕКА ПОЧИВА ВО МИР,  вели градоначалникот Пецаков.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...