Почетна Вести Петмина владици кренаа бунт против Српскиот патријарх
Петмина владици кренаа бунт против Српскиот патријарх

Петмина владици кренаа бунт против Српскиот патријарх

2.04K
1

Најконтроверзните владици на СПЦ формирале „сојуз“ против поглаварот Иринеј. Тие се побуниле поради неговата одлука да го покани Папата Франциск да допатува во посета на Србија, пишува срспки „Курир“, повикувајќи се на црковни извори од Патријаршијата во Белград.

Во групата „противници на евентуална посета на Папата“, а со тоа и противници на Патријархот Иринеј се, Качавенда, Филарет, Пахомије, Јустин и Никанор. Голем дел од нив поврзани со разни финансиски и секс скандали, како Пахомије и Качавенда, кој поради тоа беше предвремено пензиониран.

-Групата на владици која важи за „тврда струја“ во Црквата остро се спротивставува Папата Франциск да ја посети Србија. Така и се создаде оваа побуна против Патријархот Иринеј, кој пак мораше да го одложи на неодредено донесувањето на конечната одлука за испраќање покана до Папата. „Бунтовниците“ сметаат дека не е време Папата да ја посети Србија, бидејќи на такво нешто би се противеле и граѓаните на Србија, изјавил висок црковен извор за српски „Курир“.

Српскиот патријарх Иринеј, неодамна при посетата на српската црковна делегација на Ватикан, на средбата со Папата Францск, му пренел дека СПЦ и тој, нема да се противат ако тој дојде во Србија, но само во функција на шеф на ватиканската држава. За посете како црковен поглавар, СПЦ мора да бара дозвола и од Руската православна црква.

Иако во јавноста во Србија има поделеност околу тоа дали е „добредојден“ Папата во Белград, сепак дел од јавноста смета дека неговото доаѓање ќе значи позитивен импулс за Србија.

Политичките аналитичари во Србија, сметаат дека противењето на доаѓање на Папата во Србија е исклучиво резултат на предрасуди во српското општетство.

Коментар(1)

  1. Името на папата на македонски јазик не му е „Франциск“ како што Вие сте напишале. Потребна Ви е помош од стручњак, којшто се вика „лектор“.

Напиши одговор на Иван Лесински, ЛЕКТОР Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *