Почетна Вести Регион Петков не се заколна пред патријархот Неофит, го одбра само Уставот
Петков не се заколна пред патријархот Неофит, го одбра само Уставот

Петков не се заколна пред патријархот Неофит, го одбра само Уставот

325
0

Кирил Петков е прв бугарски премиер во последните 20 години кој не даде заклетва пред црквата, туку само пред основните законски обврски. Тој и министрите на новата Владата заклетвите ги дадоа во отсуство на Патријархот Неофит.

Бугарските медиуми наведуваат дека причината за неприсуството на поглаварот на БПЦ е едноставна – тој не бил поканет и не е знак од самата црква за некаков однос кон новата власт.

-Патријархот Нефот едноставно не беше поканет, а без офиицјална покана тој не може ниту да влезе во Парламентот, велат од БПЦ.

Петков сепак не е првиот бугарски премиер, кој избрал да не се заколне пред Патријархот. Таа практика се практикува од 2001 година, коба беше воведена од Симеон Сакскобурготски и потоа прифатена од Сергеј Станишев и Бојко Борисов.

Кирил Петков стана дел од „старите“ премиери кои се заколнуваа само прд Уставот, како Филип Димитров, Љубен Беров, Жан Виденов и Иван Костов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *