Почетна Вести Регион Петиција за укинување на сопственоста на СПЦ врз црногорските манастири и цркви
Петиција за укинување на сопственоста на СПЦ врз црногорските манастири и цркви

Петиција за укинување на сопственоста на СПЦ врз црногорските манастири и цркви

307
0

Група граѓани во Црна Гора покренаа петиција на интернет (peticija24.com.) за укинување на сопственоста на СПЦ над црногорските манастири и цркви, пренесуваат медиумите во Србија.

-Независната и меѓународно признато Кралство Црна Гора во 1918 година е окупирано и анектирано од страна на Србија. Со тоа, спротивно на меѓународното право, договорите, спротивно на обичајното право и моралот, како и против нормите на црногорскиот Устав и законите, престана да постои самостојната држава, Кралство Црна Гора. По овој чин, властите во Кралството СХС пристапија кон реализација на проектот за воспоставување на Српската патријаршија. Тогаш беше и поведена постапката за укинување на автокефалноста на Црногорската православна црква. Тоа е спроведено без легитимитет, на начин спротивен со нормите од уставот на Црна Гора (1905) и на тогаш важечкиот Устав на Светиот синод на Црногорската православна црква(1903)…, се наведува во описот на петицијата за укинување на сопственоста на СПЦ над црногорските манастири и цркви.

Во исто време во Подгорица за време на молебенот по повод дочекот на новата година по јулијанскиот календар, митрополитот на СПЦ Амфилохије ги повика на „освестување браќата во Црна Гора“.

– Русија се врати самата на себе, ќе се врати ли и Црна Гора самата на себе си? Ќе даде Господ во новата година…. Црна Гора која се гради на лажни темели, на лажна вера, не може да има иднина. Потребно е дојде до помирување помеѓу браќата, не делејќи се ниту на овие, ниту на оние, туку да се вратиме кон единството. Не е тоа Црна Гора на Кралот Никола. Треба да се ослободиме од лагите и измамите. Делбите меѓу браќата се прелија во јазички и национални делби – порача Амфилохије во Подгорица.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *