Почетна Вера МПЦ-ОА Петар Рупески повторно го извади светиот крст од Охридското езеро

Петар Рупески повторно го извади светиот крст од Охридското езеро

142
0

Илјадници посетители за Водици во Балканскиот Ерусалим. Најсреќен меѓу стотината верници кои се фрлаа по светиот крст во осветените води на Охридското езеро беше 30 годишниот Петар Рупески од Варош кој прв успеа да доплива до крстот. Рупески, светиот крст го фаќа по петти пат.

Богојавление Водици масовно се празнување и во Струга.Таму најбрз  беше 39 годишниот Дарко Паскоски кој во водите на студениот Црн Дрим прв стаса до крстот.

На церемонијата на осветувањето на езерските води присуствуваа и лидерите на најголемите партии Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Инаку чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид продолжуваaт и утре ,со  прославување на Свети Јован Крстител и уникатната манифестација Денот на рибарите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *