Почетна Вера Еврејска заедница Пендаровски по повод Ханука: Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница
Пендаровски по повод Ханука: Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница

Пендаровски по повод Ханука: Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница

94
0

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, се одржа виртуелен настан на кој учествуваа претставници на Државата Израел и потомци на преживеани македонски Евреи од Холкаустот.

Претседателот Пендаровски упати порака со која го честита празникот на светлината, а како централен чин во одбележувањето на Ханука, традиционално беа запалени свеќите на Менората.

„Република Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница, која заедно со Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи, е нашата симболична Ханукија, бидејќи не потсетува на конечната победа на животот над уништувањето, и сеќавањето над заборавот”, порача претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Посакувајќи мир, радост и здравје, претседателот Пендаровски истакна дека празнувањето на Ханука е потсетување дека темнината не може да ја опфати светлината која го осветлува патот на човештвото кон слободата, еднаквоста, правдата и човечкото достоинство.

„Овие вредности ги крепат луѓето дури и во периоди на огромни предизвици како што е пандемијата на Ковид-19. Во овие тешки времиња, ние продолжуваме да го негуваме соживотот и почитувањето на различните, како најголема вредност на македонското општество”, истакна Претседателот.

Годинава свеќите на Менората беа запалени во спомен на Еврејската заедница од Северна Македонија која настрада во Холокаустот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *