Почетна Вести Патријархот Кирил за Божик повика на мир во светот
Патријархот Кирил за Божик повика на мир во светот

Патријархот Кирил за Божик повика на мир во светот

71
0

Христовото рождество –Божик, според јулијанскиот календар денеска го чествуваа и верниците во Русија, Украина, Грузија, Молдавија, Србија и Црна Гора, монасите на Света Гора, Коптите, Ерусалим

Најголемите прослави традиционално се одржуваат во најбројната православна држава во светот – Русија.

Централната божикна литургија се одржа во храмот на Христос спасител, а ја служеше патријархот г. Кирил. На богослужбата присуствуваше и рускиот премиер, Димитри Медведев.

-Се молам да престанат војните и меѓусебните борби и мирот божји да допре до сите нас, порача рускиот Патријарх.

Рускиот претседател, Владимир Путин, веќе традиционално, присустува на божикни литургии кои се одржуваат надвор од Москва. Оваа година беше во Тверската област, во Покровскиот храм во селото Тургиново.

Православниот Божик денеска го слават и египетските Копти, народ со православна христијанска вера кои сочинуваат околу 10% од населението во државата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *