Почетна Анализа Патријархот Кирил Ќе ги посети сите балкански земји, само Македонија не му била на агендата
Патријархот Кирил Ќе ги посети сите балкански земји, само Македонија не му била на агендата

Патријархот Кирил Ќе ги посети сите балкански земји, само Македонија не му била на агендата

330
0

Рускиот патријарх Кирил кој допатува во Тирана на покана на Албанската првославна автокефална црква, во текот на своето животно делување јасно е дека со сигурност ќе ги посети сите балкански земји, освен Македонија како отворено прашање. Досега бил во сите држави каде што православното население е во мнозинство, а популарен како голем светски патник речиси нема позната земја што не ја посетил официјално. Буквално неговата нога стапнала во сите држави каде што постои барем мала православна заедница.

На Балканот, со посетата на Албанија, му преостануваат уште две земји каде што не отишол – БИХ и Македонија. Но, во Република Српска, односно во Бања Лука треба на лето да присуствува на поставување на камен-темелник на црква што ќе се гради во чест на 100-годишнината од егзекуцијата на кралското семејство Романови од страна на Болшевиците, додека Македонија засега не му е на агендата. Пред посетата на Албанија, во Романија во 2017-та беше првиот руски патријарх што ја посетил оваа балканска земја по падот на комунизмот. Откако е на функција од 2009-та повеќекратно гостувал во Грција, Србија и Бугарија, а по еднаш бил во Црна Гора, Словенија, Хрватска и Турција.

Интересно е тоа што, покрај стотината земји што ги посетил, неговата нога во 2016-та има стапнато и на Антактикот (Јужниот пол), каде што само привремено живеат единствено научници. Таму допатува со руска флота преку Чиле, откако претходно заедно со папата Франсиск ја посетија Куба. Бил примен таму каде што демократијата се држи на стаклени нозе или пак религиозниот живот е мошне отежнат, на пр. Северна Кореја. Важи за мошне близок пријател со рускиот претседател Владимир Путин, за кого во една прилика изјави дека е „Чудо од Бога“.

Целата анализа прочитајте ја на Фактор

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *