Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил денеска честитајќи му роденден на претседателот Владимир Путин истакна дека неговото владеење со Русија било наложено од Бога.
– Господ те стави на власт за да можеш да вршиш служба од особено значење и голема одговорност за судбината на земјата и на луѓето што ти се доверени, изјави патријархот, кој беше меѓу руски претставници кои му го честитаа 70. роденден на Путин.
Рускиот патријарх побара од верниците да кажат посебни дводневни молитви за Бог да му даде на Путин „здравје и долговечност“.
