Почетна Вести Патријарх Кирил: Нема откажување од јулијанскиот календар
Патријарх Кирил: Нема откажување од јулијанскиот календар

Патријарх Кирил: Нема откажување од јулијанскиот календар

910
0

Руската православна црква нема намера да се откаже од користењето на стариот „Јулијански“ каледар. Тоа за руската национална телевизија, го потврдил Патријархот Кирил веднаш по враќањето во Москва од подготвителната конференција во Шамбези, Женева.

Тоа што од дневниот ред за Соборот е симната точката за усогласување на календарот меѓу православните цркви, Кирил го смета за уште една победа на позициите на Руската православна црква.

-Во јавноста се проширија лажни инфромации дека ќе се менува календарот. Руската црква нема намера да се откаже од Јулијанскиот календар, а уште помалку да го прифати Грегоријанскиот. Прашањето за „Календарот“ е отстрането од дневниот ред на Соборот, изјавил Патријархот Кирил за руските медиуми.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *