Почетна Вести Регион Парохот на Винковци: Доцниме со сфаќањето дека католиците и православните се браќа
Парохот на Винковци: Доцниме со сфаќањето дека католиците и православните се браќа

Парохот на Винковци: Доцниме со сфаќањето дека католиците и православните се браќа

379
0

Во очи на православниот Велигден хрватски „Вечерњи лист“ разговараше со Предраг Азап, протојереј ставрофор на Српската православна црква во Винковци, Хрватска, кој таа парохија буквално ја подигнал од пепелта, а била важна и неговата улога во реинтеграцијата на Подунавје.

– Сиот имот на нашата црква беше уништен во 1991 година. Буквално дојдов на два градски паркинга покриени со камен и урнатини, но, му благодарам на Бога, се’ е повторно направено, а новоизградената црква повторно го разубавува барокното јадро на градот – се присетува Азап.

Ја истакнува и одличната соработка со сестринската Католичка црква.

– Ние секогаш доцниме со сфаќањето дека сме браќа и сестри. Многуте години историска одвоенот и различните обичаи не’ раздвојуваат. Време е да ја заборавиме носталгијата и работите да ги воспоставиме според евангелието. Темата на екуменското приближување на православните и католиците е секогаш актуелна и јас ја поддржувам – вели Азап за „Јутарњи“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *