Почетна Вести Европа Париз по пожарот – светот се солидаризира за повторна изградба на Нотр Дам
Париз по пожарот – светот се солидаризира за повторна изградба на Нотр Дам

Париз по пожарот – светот се солидаризира за повторна изградба на Нотр Дам

35
0

Голем пожар ја уништи катедралата Нотр Дам во Париз…Огнената стихија која ја зафати една од најпознатите знаменитости на Француската престолнина за кусо време ги уништи покривот и главната купола , како и целата внатрешност на објектот… По осум часовна битка, француските пожарникари успеаа да го стават огнот под контрола и да ја спасат конструкцијата на објектот…Спречено е уништување на главната камбанарија а пожарникарите спасија и голем број на религиозни реликвии и непроценливи уметнички дела….

За францускиот претседател Емануел Макрон, пожарот кој ја уништи катедралата преставува ужасна трагедија, но како што вели, најлошото сепак, било избегнато. …

– „Нотр Дам е нашата историја, култура, имагинација. Место каде што ги прославувавме сите наши важни моменти. Тој е епицентарот на нашиот живот. Катедрала која им припаѓа на сите жители на франција. “ – изјави Емануел Макрон – претседател на Франција.

Засега се уште не е позната причината за пожарот но од Француската противпожарната служба на велат дека нејверојатно е поврзано со реновирањето на катедралата…Обвинителството најави дека ќе отвори истрага а полицијатав веќе разговарала со градежните работници кои работеле на реставрацијата ….

Од Француското министерство за култура предупредуваат дека сѐ уште постои опасност од уривање на црквата а тим од експерти и архитекти ќе треба да донесат одлука дали пожарникарите ќе смеат да ја продолжат работа и во внатрешноста на катедралата….

Жителите на Франција но и големиот број на туристи кои беа сведоци на инциидентот, велат дека се уште не можат да поверуваат во она што се случи…

– „Се уште сме во шок. Овој објект преставува историја од 850 години. Ова навистина боли“.

– „Ова е навистина страшно, тоа е историски локалитет кој не само што му припаѓа на Париз, туку и на Франција и не е само катедрала, туку и симбол на Франција. Толку многу време требаше да се изгради Нотр Дам, но беше уништен за само неколку часа“.

Пораки со подршка до францускиот народ пристигнуваат од сите страни … Германската канцеларка ангела меркел катедралата ја нарече симбол на француската но и на европската култура…Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск пак изјави дека пожарот во богородичната црква, ги потсетил европпејците колку само можат да изгубат….

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго соопшти дека ќе организира донаторска конференција а неколку бизнисмени веќе најавија дека ќе обезбедат стотина милиони евра…

Во 2018 година, католичката црква поднесе барање до француската влада да издвои дополнителни средства со цел да се спаси 850 години стариот објект кој го посетуваат околу 13 милиони туристи годишно….Реновинарењето започна минатата година откако се појавија пукнатини на објектот…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *