Почетна Вера Паричката ги одмина политиачрите од државниот врв
Паричката ги одмина политиачрите од државниот врв

Паричката ги одмина политиачрите од државниот врв

55
0

Семејствата на Престедателот, Иванов, на Претседателот на Собранието, Велјаноски и на Премиерот Груевски, традиционално за Бадник делеле лепче со паричка.

Во семејството Иванови паричката бадниковото лепче годинава се паднала кај сопругата Маја Иванова. Претседателот Ѓорѓе Иванов по божиќната литургија во Соборниот храм денека им го честиташе христовот раѓање на сите верници.

-Сето она што го посакувам за себе и за своето семејство го посакувам за сите граѓани на Република Македонија. Многу здравје, многу радост многу љубов. Празниците се момент за потсетување и поука, да не поучат дека сите искушенија можеме да ги совладаме со добри мисли, добри зборови и добри дела, добри родители, добри соседи и добри граѓани на Република Македонија, да си простуваме и да се почитуваме и така да ја воздигнуваме Македонија и македонскиот народ, порача шефот на државата.

Кај премиерот Груевски паричката паднала во Господ. И тој традиционално по божикната литургија испрати честитка.

– Да им посакам на сите пред се здравје, многу љубов, спокојство во семејствата, успех во кариерата и здравје пред се, рече Груевски.

Синот Филип пак, бил најсрекниот во семејството на Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски.

– На Република Македонија што побргу интегрирање во меѓународните организации, а на нас политичарите што подобри и поразумни одлуки затоа што на Република Македонија токму оваа година ќе и треба покаже разум отколку емоции, поразумни одлуки за просперитет на Република Македонија и на граѓаните, истакна Вељаноски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *