Почетна Вести Европа Парадокси на руската црковна политика – Украинци молат да не добијат автокефалност
Парадокси на руската црковна политика – Украинци молат да не добијат автокефалност

Парадокси на руската црковна политика – Украинци молат да не добијат автокефалност

142
0

Руската православна црква со сите сили се обидува да го спречи Вселенскиот патријарх Вартоломеј да додели автокефалност на Украинската Православна црка-Киевска патријаршија. Откако неодамна Вселенската Патријаршија ги почна контактите со помесните православни цркви за украинскиот црковно прашање, Рускиот Патријарх Кирил го пушти во дипломатска офанзива шефот на одделот за надворешни работи на РПЦ, Иларион Алфеев кој имал серија средби со најголем дел од помесните православни цркви со намера да им предочи на последиците со кои ќе се соочи православието ако Цариград даде автокефалност на Украина.

Деновиве пак, во Русија, а пред се кај руските приврзаници во Украина е активна петиција на собирање потпис со кои од Вселенскиот патријарх се бара да не доделува автокефалност.

Според информациите на Руската црква досега биле собрани над 60.000 потпис од верниците на Украинската Православна Црква –Московска Патријаршија и веќе биле исратени до секретаријатот на Цариградскиот Патријарх Вартоломеј.

Колку е парадоксална целата оваа ситуација покажува текстот на петиција во која украински државјани, велат дека не сакаат своја автокефална црква која сама ќе се управува. Нивното образложение е исто така парадоксално, тврдејќи дека во Украина бил решено црковното прашање по канонски пат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *