Почетна Вести Папскиот Кардинал, Винко Пулиќ на 11 септември ќе служи света миса на градскиот плоштад
Папскиот Кардинал, Винко Пулиќ на 11 септември ќе служи света миса на градскиот плоштад

Папскиот Кардинал, Винко Пулиќ на 11 септември ќе служи света миса на градскиот плоштад

135
0

Специјалниот пратеник на Патата Франциск, Кардиналот Винко Пулиќ на 11 септември на градскиот плоштад во Скопје ќе отслужи света миса во чест на прогласувањето на Мајка Тереза за Светица.

Овој настан е централен во програмата за „Татковинска прослава Денови на Света Мајка Тереза“, што ќе се одржи во Скопје од 4 до 11 септември.

Специјалниот папски кардинал сараевскиот надбискуп, Пулиќ, ќе има и свое обраќање, најави денеска Скопскиот бускуп и Апостолски егзарх Киро Стојанов, промовирајќи ја програмата за националната прослава.

pres programa 1Од 4 до 11 септември Католичката црква секојдневно ќе одржува црковни служби. На 4 септември во капелата на Мајка Тереза во спомен куќата ќе има света миса во знак на една благодарност. Следниот ден на 5 септември е организирано целодневно обожување.

-Секој ден ќе има света миса во Катедралата во рамки на Деновите на Мајка Тереза. Секој граѓанин е повикан да дојде заедно да се помолиме, сите ние веруваме во еден господ, вели Бискупот Стојанов.

Традиционално пак секоја година на 8 септември во катедралата „Своето Срце Исусово“ во Скопје се одржува Света Миса за Денот на независноста на Република Македонија. Во сабота на 10 септември света литургија ќе предводи белградскиот надбискуп Станислав Хочевар.

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска вели дека спомен Куќата на Мајка Тереза годинава е прогласена за куќа со најмногу посетитетели во Македонија.

– Во духот на она што го правеше во светот, а тоа беше обединување на љубовта и добрината во едно. Во тој контекст е и програмата од 4 до 11 септември, во која ги обединуваме сите групи. Од најмалите, возрасните, до хуманитарните акции, МАНУ, УКИМ и до сите релевантни организации и институции кои сесрдно влегоа во чествувањето на татковинската прослава за Мајка Тереза, изјави Божиновска.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски велидека претставува голема чест и гордост што Мајка Тереза е родена во Скопје и е наша сограѓанка и што имаме можност да го чествуваме нејзиното дело и да ја шириме хуманоста и љубовта.

– Координативното тело за одбележување на „Денови на св. Мајка Тереза“ работи веќе подолго време со цел канонизацијата да се одбележи на највисок можен достоен начин, што треба да биде својствен за едно вака високо чествување и одликување на светицата Мајка Тереза, изјави Трајановски.

Посочи дека Градот Скопје за централното одбележување на 11 септември има одвоено милион денари, а покровител на координативното тело за одбележување на „Денови на св. Мајка Тереза“ е претседателот на Македонија Ѓорге Иванов.

На 4 септември пак во Ватикан Папта Франциск и официјално ќе ја прогласи Мајка Тереза за Светица. Македонија како држава има посебно место за делегацијата која ќе присуствува на овој настан.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *