Почетна Вести Свет Папата загрижен за иднината на Европа, повика на политички дијалог
Папата загрижен за иднината на Европа, повика на политички дијалог

Папата загрижен за иднината на Европа, повика на политички дијалог

50
0

Христијаните можат да играат важна улога во креирањето на иднината на Европа, доколку го промовираат и поддржуваат дијалогот, особено таму каде што тој е загрозен и каде може да надвладеат конфликтите, порача поглаварот на Католичката црква, папата Франциско. Ваквата изјава тој ја даде само еден ден по одлуката на каталонскиот регионален парламент за прогласување еднострана независност на Каталонија од Шпанија.

Папата во обраќањето на собир посветен на иднината не Европа, организиран од Комисијата на бискупската конфернеција на европската заедница, рече дека политиката наместо да промовира дијалог, прераснува во форум на судири меѓу спротивставените сили.

Според него, „гласот на дијалогот го заменија повици на претензии и барања. Екстремистичките и популистички групи најдоа плодна почва во многу земји, претворајќи ги протестите во клучен елемент на нивната политичка порака, без да понудат алтернатива на конструктивните политички предлози“.

Папата смета дека европските политички лидери треба да дозволат влез на мигранти во Европа и да им помогнат да се интегрираат во општеството преку регулиран процес, како и да манифестираат солидарност, пред се кон младите луѓе, меѓу кои поголемиот дел „се збунети, оттргнати од своите корени и без перспектива“ и да помогнат во искористувањето на нивните економски потенцијали.

/МАКФАС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *