Почетна Вести Европа Папата во Велигденската порака повика на прекин на помирување во светата земја
Папата во Велигденската порака повика на прекин на помирување во светата земја

Папата во Велигденската порака повика на прекин на помирување во светата земја

31
0

Во своето обраќање од балконот на црквата Свети Петар, папата во традиционалната „Порака до градот и светот“ (Urbi et orbi), повика на мир во целиот свет, прво во „саканата и напатена Сирија, чие население е исцрпено од војната, на која не и се гледа крајот“.

Папата ги повика сите политички и воени претставници веднаш да „го спречат истребувањето кое е во тек, истовремено почитувајќи ги хуманитарните права и пристапот за помош до најранливите“.

Франциско повика и на помирување во „Светата земја, која деновиве беше погодена со конфликт во кој незаштитените луѓе не беа поштедени.“

Во конфликтот во петокот меѓу Палестинците и израелската војска загинаа шеснаесет Палестинци.

Папата го охрабри дијалогот на Корејскиот полуостров, каде владее атмосфера на намалена напнатост по две години нуклеарни и балистички проби од Северна Кореја.

Претходно го предводеше бдението пред Велигден, а потоа крсти осум лица, вклучувајќи и еден Нигериец (31), кој го освои вниманието на медиумите кога минатата година успеа да запре вооружен напаѓач во обид да ограби супермаркет.

Плоштадот Свети Петар, каде што се наоѓаат неколку илјади верници го обезбедува полицијата и е украсен со 50.000 лалиња, ружи и нарциси, поклон од Холандија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *