Почетна Вести Папата во својот дом организраше ручек за 21 сириски бегалец
Папата во својот дом организраше ручек за 21 сириски бегалец

Папата во својот дом организраше ручек за 21 сириски бегалец

48
0

Папата Франциско вчера во неговиот дом во Ватикан организираше ручек за 21-те сириски бегалци, речиси сите муслимани, кои изминативе неколку месеци ги доведе во Рим, соопшти Светата Столица.

papa rucekДванаесетмината од овие бегалци се најдоа на насловните страници на весниците кога папата непланирано ги поведе со себе во Рим, по посетата на грчкиот остров Лезбос на 16 април годинава. Останатите деветмина пристигнале во италијанскиот главен град во јуни.

Сите гости на ручекот кај папата се муслимани, освен една христијанска брачна двојка. Нивното сместувањето и финансиските трошоци во Ватикан ги обебзеудва католичката Заедница на Свети Егидиј.

Во текот на ручекот во Куќата на Света Марта, која папата Франциско ја одбра за свој дом во Ватикан, бегалците со него разговараа за искуствата од првите месеци на нивниот претстој во Италија. Децата на папата му ги подариле нивни цртежи, а тој ним им подарил играчки.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *