Почетна Вести Европа Папата во Романија ќе го зајакне дијалогот со православните христијани
Папата во Романија ќе го зајакне дијалогот со православните христијани

Папата во Романија ќе го зајакне дијалогот со православните христијани

82
0

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, денеска пристигна во тридневна посета на Романија со цел да го зајакне дијалогот со Православната црква и да ги поддржи верските и етничките малцинства.

Папата на аеродромот беше пречекан од романскиот претседател Клаус Јоханис, проевропски политичар и верник на лутеранската црква, кој синоќа ја пофали „можноста да се соберат православни, римокатолички и грчко-католички христијански верници”.

Јоханис и папата потоа отидоа во претседателската палата на средба зад затворени врати.

Денес се очекува неколку десетици илјади Романци  на улиците на Букурешт за да се сретнат со папата, кој доаѓа среде политичка криза и поделби во Романија.

Папата најмногу ќе се посвети на мигрантите и сиромаштијата, а за време на посетата ќе разговара со претставниците на Православната црква.

Последна посета на папата во Романија беше пред 20 години, кога Јован Павле Втори беше во таа земја.

/makfax

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *