Почетна Вести Европа Папата вели дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери”
Папата вели дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери”

Папата вели дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери”

246
0

Папата Франциск во петокот рече дека муслиманите треба да ги сметаме за „партнери” со кои треба да се изгради мирен соживот за да се спречи патот на „фанатични групи непријатели на дијалогот”.

Папата тоа го порача на собир во Неапол, организиран од Понтификалниот богословски факултет во јужна Италија.

-Студентите по теологија треба да бидат едуцирани за дијалог со исламот и јудаизмот за да ги разберат заедничките корени и разликите на нашите верски идентитети и на тој начин ефикасно да придонесат за градење на општество, кое ги почитува разновидностите и поттикнува почит, братство и мирен соживот – рече тој.

Повикани сме на дијалог со муслиманите, за да ја изградиме иднината на нашите општества и градови, повикани сме да ги сметаме за партнери за да изградиме мирен соживот, дури и кога се случуваат драматични настани, дело на фанатички група непријатели на дијалогот, како што беше трагедијата за Велигден во Шри Ланка, рече папата.

– На теолошките факултети и црковните универзитети, потребно е да се поттикнат курсеви на арапски и еврејски јазик и култура и запознавање меѓу христијанските, еврејските и муслиманските студенти, заклучи Папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *