Почетна Вести Христијанство Папата упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето од мисата во Скопје

Папата упати пораки за мир, соживот, за поголема љубов кон Бога и кон луѓето од мисата во Скопје

83
0

Да се надминат стереотипите и повеќе да се грижиме еден за друг; Рамнодушноста и клеветите да се заменат со чувствителност и надеж.

Ова беа дел од пораките кои папата Франциск ги упати до верниците што ја следеа мисата на плоштадот во Скопје.. Поглаварот на римокатоличката црква до местото каде се одржуваше литургијата, пристигна со папамобилот.

Движејќи се по улицата Македонија од спомен куќата на мајка тереза па се до плоштадот, папата Франциск се поздравуваше со верниците кои беа дојдени да ја проследат мисата.. Тој порача оти светот е гладен за добрина и солидарност.

15 илјади луѓе ја следеа литургијата со која раководеше папата Франциск.Беа дојдени од сите земји на балканот.. Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија.. Меѓу нив беа и македонци од странство.. За да ја проследат мисата, мораа да поминат низ строги безбедносни проверки.Со себе не можеа да носат метални пари, пенкала, пијалоци. Полаварот на римокатоличката црква, посетата на земјава ја заврши со престој во црквата пресвето срце исусово.. Имаше средба со младите, свештеници и нивните семејства..

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *