Почетна Вести Папата со молитва за жртвите на ураганот ,,Ирма” и од земјотресот во Мексико
Папата со молитва за жртвите на ураганот ,,Ирма” и од земјотресот во Мексико

Папата со молитва за жртвите на ураганот ,,Ирма” и од земјотресот во Мексико

184
0

Папата Франциск се помоли за жртвите на ураганот Ирма и на катастрофалниот земјотрес во Мексико. Ова се случи денес за време на неговата посета на градот Виљавасиенсио во Колумбија.

Во земјотресот во Мексико со јачина од 8,2 степени загинаа најмалку 34 луѓе. Ураганот Ирма, кој се искачи во четврта категорија , продолжува да напредува кон американската држава Флорида.

Папата Франциск денеска благослови двајца свештеници убиени во текот на годините на политичко насилство и војна со бунтовниците во Колумбија. Ова се случи на церемонијата во градот Виларрелсо во централна Колумбија. На настанот се собраа десетици илјади луѓе. Папата рече дека објавените од него за блажени свештеници се маченици и жртви на омразата кон католичката вера. Денес поранешниот лидер на Колумбиските револуционерни вооружени сили Родриго Лондоно кој од минатата недела е лидер на нова политичка партија, со основа од бунтовничката организација, побара прошка од папата за тагата и страдањето предизвикано од ФАРК на луѓето во текот на пет децении војна во Колумбија.

Се проценува дека 220 000 луѓе загинале во Колумбија за време на војната на марксистите од ФАРК и на други бунтовнички групи против десничарски паравоени формации и владините сили. За време на мисата, која ја отслужи во Вилјависенсио Папата рече дека без помирување , мирот ќе биде неуспех во Колумбија.

Утре папата Франциск ќе служи миса во градот Меделин. На неа ќе присуствуваат колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос и неговиот претходник Алваро Урибе. Тие се политички противници, но фактот дека ќе бидат еден до друг во ВИП ложата на литургијата, наведнува на претпоставката дека пораката на папата за помирување во Колумбија можеби е веќе слушната.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *