Почетна Вести Европа Папата: „Сите сме во ист брод“
Папата: „Сите сме во ист брод“

Папата: „Сите сме во ист брод“

142
0

Поглаварот на католичката црква го упати традиционалниот благослов „Урби ет Орби“ во Рим. Во својата божиќна порака, Франциско опомена дека корона-вакцините треба да бидат достапни секому, особено на најранливите

Во своето божиќно обраќање, не од балконот на базиликата Свети Петар, туку во Апостолската палата, поглаварот на католичката црква повика на поголема солидарност. Со оглед на пандемијата на коронавирусот, папата Франциско рече: „Со оглед на предизвикот што не познава граници, не може да се подигаат бариери“. Луѓето треба да го препознаат Бога „во болните, сиромашните, невработените, во маргинализираните, во мигрантите и бегалците“.

Ова исто така значи фер дистрибуција на вакцините и помош за економските жртви на пандемијата, рече Франциско во Ватикан. Папата се молеше за мир и за луѓето кои доживеале страдања и тешкотии од пандемијата, на пример жените кои биле жртви на семејно насилство. „Вакцините треба да бидат достапни секому, особено на најранливите, порача тој.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *