267
0
Членовите на Меѓународната епископска конференција „Свети Кирил и Методиј“ се наоѓаат во Рим од 30 јануари до 4 февруари 2017 година на нивната редовна посета (ad limina apostolorum) кај папата Франциск, пренесува „Католици.мк“.
Папата се сретнал со Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. Киро Стојанов, како и со бискупите на Србија, Косово и Црна Гора, кои се претставници на Меѓународната епископска конференција.
На средбата со Светиот Отец се разговара за положбата на Црквата во балканскиот регион, како и за односите на Католичката црква во одредената земја со Православните цркви во тие земји.