Почетна Вести Европа Папата сака да оди во посета на Ирак
Папата сака да оди во посета на Ирак

Папата сака да оди во посета на Ирак

33
0

Папата Франциск во понеделникот рече дека сака да отпатува за Ирак следната година, што ќе биде прво папско патување во земјата.

Изјавата на Франциск дојде за време на обраќањето до членовите на група добротворни организации кои им помагаат на христијаните на Блискиот Исток и во други области.

„Постојана мисла ме следи кога мислам на Ирак“, рече тој во своето обраќање, а потоа додаде: „Каде што имам желба да одам идната година“.

Војните и конфликтите доведоа до егзодус на христијаните во Ирак и некои други земји на Блискиот Исток. Малото христијанско население во Ирак од неколку стотици илјади претрпе потешкотии кога исламската држава контролираше големи делови од земјата, но ги поврати своите слободи откако џихадистите беа отстранети оттаму.

Во 2000 година починатиот папа Јован Павле сакаше да го посети древниот ирачки град Ур, кој се смета за родно место на Аврам. Тоа требаше да биде првиот дел од аџилакот во Ирак, Египет и Израел.

Но, преговорите со владата на тогашниот ирачки лидер Садам Хусеин беа неуспешни, па тој не можеше да ја посети земјата.

/makfax

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *