Почетна Вести Европа Папата предупредува: Нуклеарен оган може ненамерно да се случи
Папата предупредува: Нуклеарен оган може ненамерно да се случи

Папата предупредува: Нуклеарен оган може ненамерно да се случи

95
0

Папата Франциск во своето обраќање во Ватикан, ги повика сите земји да го поддржат дијалогот за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров.

Тој ги повика сите да го поддржат дијалогот за да се формира правно-обврзувачка забрана за нуклеарно оружје, објави Ројтерс.

-Нуклеарното оружје мора да биде забрането“, рече поглаварот на Римокатоличката црква, повикувајќи се на документ кој е објавен во екот на Студената војна од страна на папата Јован XXIII.

Сегашниот папа додаде дека „не може да се порекне дека огнот може да се активира случајно или преку непредвидени околности“.

Се тврди дека папата Франциск во пресрет на разговорите помеѓу Северна и Јужна Кореја се обратил до дипломатите кои ќе учествуваат на преговорите, каде се очекува да се разговара за учеството на спортистите од Северна Кореја на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја Пјанг-Ченг.

Папата во своето обраќање го повтори повикот за опстанокот на „статус кво“ на Ерусалим, откако претседателот на САД кон крајот на минатата година донесе одлука за прифаќањето на овој град како главен град на Израел.

Папата го спомна и прашањето на климатските промени, повикувајќи се на земјите да останат доследни на договорот од Париз за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *