Почетна Вести Свет Папата повика на евакуација на бегалците од Либија
Папата повика на евакуација на бегалците од Либија

Папата повика на евакуација на бегалците од Либија

50
0

Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциско повика на евакуација на бегалците кои се наоѓаат во Либија, особено на жените и децата.

Папата за време на неделната миса, апелираше жените, децата и болните кои се сместени во бегалските центри во Либија да бидат што поскоро евакуирани преку хуманитарните коридори.

Група од 140 бегалци од Либија утре би требало да стигнат во Рим.

Хуманитарните организации и меѓународните институции изразија загриженост поради ситуацијата во која се наоѓаат бегалците во Либија, каде од почетокот на април избија немири во Триполи и околината.

Неколку илјади бегалци се наоѓаат во центрите во Либија, според официјалните податоци на ОН, но се претпоставува дека нивнинот број е поголем.

/макфакс

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *