Почетна Вести Папата понесе 12 мигранти од Лезбос во Ватикан
Папата понесе 12 мигранти од Лезбос во Ватикан

Папата понесе 12 мигранти од Лезбос во Ватикан

183
0

francisk lezbos 2Папата Франциск при заминувањето од островот Лезбос, со себе кон Рим поведе и 12 сириски беглаци, соопшти Ватикан.

Како што јавија италијанските медиуми, станува збор за три семејства на бегалци-муслимани, од кои шест се деца.

Според Ватикан, на овој начин папата сакал „да изрази гест на добредојде“ за бегалците, кои досега се наоѓаа во кампот на островот Лезбос.

За овие бегалци ќе се грижи Ватикан и тие ќе бидат сместени во италијанската католичка заедница Сан Егидио.

Папата Франциск во придружба на вселенскиот патријарх Вартоломеј и поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот атински и сегрчки Јероним, го посети центарот за прием на бегалци Морија на Лезбос, каде на мигрантите им порача дека не се сами и ја повика меѓународната заедница да покаже заедничка хуманост во бегалската криза.

Инаку, како што јави АНА-МПА, за време на престојот во Морија, тројцата црковни великодстојници ручале заедно со три сириски бегалски семејства. На менито на ручекот имало ориз, зеленчук, маслинки, леб и алва.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *