Почетна Вести Папата побара прошка од Протестантите
Папата побара прошка од Протестантите

Папата побара прошка од Протестантите

265
0

Папата Франциск побара прошка од Протестантите, но и од сите христијански цркви поради прогонот кој во минатото го извршила Католичката црква. Истовремено Ватикан објави дека на 31 октомври Папата ќе отпатува во посета на Шведска, каде ќе учествува на заедничка миса со Лутеранската црква.

Франциск во пресрет на 5оо годишнината од „Движењето за рефрма на Мартин Лутер“, нуди рака на помирување меѓу сите христијански цркви.

-Молам за прошка поради неевангелскиот однос на Католиците кон Протестантите и другите цркви. А, воедно ги повикувам и Католиците да им опростат на оние кои нив ги повредиле, изјавил Папата Фрнациск по мисата во Базиликата „Св. Петар“ во Рим.

Франциск, како што најави Ватикан на 31 октомври ќе го посети градот Лунд, на југот од Шведска, каде ќе учествува во помирувачката литургија во чест на 500 годишнината од „Реформацијата“. Со тоа ќе почне и процесот на комеморација на секаде во светот и ќе трае во текот на целата година.

Движењето за реформа во 59 точки го почна германскио духовник, Мартин Лутер во 1517 година. Тоа доведе до масовно насилство меѓу Христијаните во Европа и во Светот, а имаше и политички реперкусии со

Мартин Лутер, основачот на Движењето за реформа на Црквата
Мартин Лутер, основачот на Движењето за реформа на Црквата

поделби во Европа.

„Реформацијата“, еден век подоцна, беше индиректен повод и за „триестгодишната војна“ во Европа. Светскиот политчки магазин, „Економист“ оваа војна меѓу Хистијаните и Простантите, неодамна ја поистовети со она што сега се случува на Блискиот Исток меѓу Муслиманите.

Инкау и оваа порака и гест на Франциск наиде на силна осуда од конзервативнонот крило на Католичката црква. Веднаш го обвинија дека ги поминува сите граници на толеранција. За козервативците во Ватикан особено спорно е најавеното учество на Папата во заедничката мисла со Лутеранците.

Но, сепак Франциск успева, дијалогот со другите религии, да го направи заштитен знак на неговото папување.

Во шведскиот град Лунд, каде Папта во октомври ќе учествува на заедничка миса со Лутеранската црква, во 1947 година е основан Светскиот лутерански сојуз.

 

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *