Почетна Вести Европа Папата Павле VI пред прогласување за Светец
Папата Павле VI пред прогласување за Светец

Папата Павле VI пред прогласување за Светец

45
0

Ватиканската Конгрегацијата го одобри и второто чудо неопходно за канонизација на Папата Павле VI, овозможувајќи го патот до неговото прогласување за Светец,  најверојатно до крајот на оваа година.

Следниот чекор е одлуката на папата Френсиск, кој исто така треба да издаде официјален декрет од Ватикан, за да се утврди и датум за канонизација.

Чудото кое му се припишува на Павле VI е лекувањето на неродено дете во петтиот месец од бременоста.

Мајката, од провинцијата Верона, Италија, имала болест со која го ризикувала сопствениот живот и животот на нејзиното неродено дете и затоа и било советувано да абортираат. Но, наместо за абортус, таа донела одлука да му се моли на Папата Павле VI.

Во декември 2012 година, папата Бенедикт Шеснаесетти донесе одлука за Папата Павле VI да биде погласен за блажен и да отпочне постапката за негова канонизација.

Павле VI е роден во 1897 година во градот Концесио во регионот на Ломбардија во Италија. Бил ракоположен на свештеник на 22-годишна возраст. Работел како архиепископ во Милано пред неговиот избор како папа во 1963 година. Починал во 1978 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *