Почетна Вести Папата откри: Меркел ми се налути
Папата откри: Меркел ми се налути

Папата откри: Меркел ми се налути

288
0

Римокатоличкиот поглавар,Папата Франциск призна дека ја налутил германската канцеларка Ангела Меркел со изјавата во која ја спореди Европа со „јалова жена“. Ова Франциск го признал во интервју за италијанскиот „Кориере дела Сера“.

Папата вели дека во ноември 2014 година по говорот во европските институции во Стразбур му се јавила германската канцеларка, посочувајќи дека по малку била лута затоа што Европа ја споредил со неплодна жена.

-Ме праша дали навистина мислам дека Европа повеќе не може да раѓа деца“, на што и одговорив дека Европа сè уште може да има деца, и тоа многу, затоа што има силни и длабоки корени, изјавил франциск.

Папата ја повика Европа, во која пристигнуваат реки бегалци, да се „промени“, да се „реформира“ и „да го обнови урнатиот“ школски систем.

Папата честопати е критичен кон  европските институции. Минатата недела во интервју за онлајн-весникот Азија тајмс, по пофалбите за кинеската динамичност, изјави: „Ние ја имаме бабата Европа. Се чини дека таа веќе не е мајка Европа. Се надевам дека ќе има кадри што повторно ќе ја преземат таа улога!“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *