Почетна Вести Регион Папата одржа миса во Атина
Папата одржа миса во Атина

Папата одржа миса во Атина

98
0

Во салата за концерти во Атина, во присуство на 2.500 католички верници и многу гости од грчкиот јавен живот, папата Франциск вечерва одржа свечена литурија.

Папата и верниците заедно се помолија, а на крајот од мисата, тој им се заблагодари како на верниците, така и на домаќините во Грција, со оглед на тоа дека утре ја завршува тридневната посета на земјата.

Поради здравствените протоколи, салата беше исполнета со 50 отсто од капацитетот, а во централната просторија, каде што и се одржа литургијата, имаше околу 900 лица, меѓу кои и акредитирани новинари.

Останатите верници литургијата ја следеа на видеобимови поставени во другите простории. Влезот беше дозволен само со специјални покани, а просторот околу салата беше под силно обезбедување.

Граѓани, пред се странски државјани од католичка вероисповед, кои не успеаја да добијат покана за мисата, излегоа на околните улици со надеж дека барем таму ќе можат да го видат возилото со папата.

По завршувањето на свечената литургија, атинскиот градоначалник Костас Бакојанис, на поглаварот на римокатоличката црква му додели златен медал на градот Атина, што е највисоко одликување на грчката престолнина.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *