Почетна Вести Свет Папата одржа миса во Абу Даби пред 180.000 луѓе
Папата одржа миса во Абу Даби пред 180.000 луѓе

Папата одржа миса во Абу Даби пред 180.000 луѓе

170
0

Околу 180.000 луѓе присуствуваа на мисата во Абу Даби, која ја предводеше папата Франциск, прв римокатолички поглавар, кој го посети Арапскиот Полуостров.

Портпаролот на Ватикан, Алесандро Гисоти рече дека бојот на присутни на мисата е заснован врз проценка на локалните организатори.

Тој истакна дека се поделени 135.000 карти за седење на градскиот стадион Зајед, но оти мисата ја следеле и повеќе илјади луѓе околу стадионот.

Папата на службата говореше на италијански и на англиски јазик. Тој упати молитва за мигрантите и за завршување на конфликтите.

Дводневната посета на Абу Даби папата ја искористи да ги осуди војните низ светот и ги повика христијаните и муслиманите на поголема соработка.

На аеродромот во Абу Даби папата го испрати престолонаследникот шеик Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан заедно со официјални лица.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *