Почетна Вести Европа Папата обвинет за ерес
Папата обвинет за ерес

Папата обвинет за ерес

181
0

Група ултраконзервативци во Католичката црква го обвинија папата Франциск дека шири ерес и го повикаа да се откаже од своите еретички активности што е можно побргу.

Се работи за протест против документот „Аморис Летиција“, со кој папата ја ублажи долгогодишната забрана за причестување луѓе што се разведени, па повторно венчани.

„Ние сме принудени да ѝ испратиме на Вашата светост исправка поради ширењето ерес во апостолската порака „Аморис Летиција“, се наведува во писмото до папата упатено од 62 негови критичари.

Тие го критикуваат папата и поради, како што наведуваат, незапаметената симпатија кон Мартин Лутер, чии идеи за бракот, разводот и божествените закони Франциск наводно ги промовира.

Меѓу потписниците на ова писмо е и поранешниот директор на ватиканската банка, Етор Готи Тедески, кој изјави дека го сака папата и дека самото писмо е чин на приврзаност и обид да му се помогне на папата да ја исправи својата грешка.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *