Почетна Вести Европа Папата: Неприфатливо е да се обвинуваат мигрантите за секое зло
Папата: Неприфатливо е да се обвинуваат мигрантите за секое зло

Папата: Неприфатливо е да се обвинуваат мигрантите за секое зло

211
0

Овогодишната порака на мирот за Светскиот ден на мирот на Католичката црква на 1 јануари папата Франциск ја посвети на потребата за политика која би работела на мирот. Пораката е испратена до лидерите на држави и влади и меѓународните организации.

Набројувајќи ги доблестите и недостатоците на политиката, Франциско рече дека национализмот е една од заканите за мирот, бидејќи ја уништува довербата во глобализираниот свет.

Друга закана за мирот, рече папата, е ширењето на оружје и насилство над невините и загрозените, кои се принудени да ги напуштат своите домови.

„Политичките говори кои се обидуваат за целата вина да ги обвинат мигрантите и да ги лишат сиромашните од надеж се неприфатливи. Наместо тоа, неопходно е да се реафирмира мирот заснован на почитување на секоја личност“, рече папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *