Папата: На младите им е потребен лесен пристап до Светото Писмо

Date:

Share post:

Папата Лав XIV се сретнал со раководството и регионалните претставници на Католичката библиска федерација во Ватикан и им изразил благодарност за нивната служба на Словото Божјо.

Средбата се одржала по повод 60-годишнината од донесувањето на документот Dei Verbum, според кој Црквата треба да го направи Светото Писмо достапно за сите верници.

На средбата, Папата нагласил дека младите денеска живеат во „дигитални средини“ каде што Божјото Слово е засенето од други содржини, па затоа упати апел до Библиската федерација да им се овозможи пристап до Писмото на оние што никогаш не го слушнале или чија култура била недопрената од Евангелието. На крајот од средбата, тој ги повикал сите христијани да станат „живи букви… напишани не со мастило, туку од Духот на живиот Бог“, сведочејќи за приматот на Божјото Слово над многуте гласови што го исполнуваат нашиот свет“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here