Почетна Анализа Папата кој не му робува на протоколот
Папата кој не му робува на протоколот

Папата кој не му робува на протоколот

151
0

88-годишниот албански свештеник Ернест Симони го гледал папата Францис на телевизија минатиот месец кога, на свое запрепастување, слушнал дека светиот отец го споменал неговото име.

Папата на Плоштадот на Свети Петар објавил дека тој едноставен, белокос римоктолички свештеник, кој многу години поминал во албанскиот комунистички затвор, ќе стане кардинал.

Тоа било прв пат Симони или било кој друг од 16-те други архиереи кои Францис истовремено ги назначил за кардинали, слушнал за своето унапредување.

„Не им верував на своите уши ниту очи“, рекол Симони за „Ројтерс“ во Албанија. „Папата го рече тоа, но не можев да поверувам. Дали е можно тој да зборува за некој за некој друг Ернесто?“, се запрашал.

ernest-albania-2Меѓутоа, уште поважно е тоа што никој од ватиканската хиерархија не знаел за таа одлука на Францис, која ја објавил на 9 октомври.

Таа епизода јасно покажува како папата Францис го користи својот посебен стил на управување за да ја „протресе“ Црквата откако стана папа во 2013 година.

Интервјуто со десетина сегашни и поранешни ватикански функционери го отсликува папата Францис, језуит кој ќе наполни 80 години во декември, како поглавар на Римокатоличката црква која ги отстанува посредниците меѓу себе и надворешниот свет.

Тој никому не му ја дава својата црна актовка, се држи до својата сопствена агенда и сам телефонира. Спротивно од двајцата свои претходници Бенедикт XVI и Иван Павле II кои заедно работеле со ватиканската бирократија, позната како Римска курија.

Зад таквиот пристап на Францис стои јасниот мандат, кој му го дале кардиналите во конклавата за да ја реорганизира Куријата.

ernest-albaniaВо ватиканската администрација во текот на децениите се нашле десетици најконзервативни црквени функционери, делумно затоа што претходниците на Францис, Рацингер и Војтил, ги доведувале своите помошници и соработници во Рим.

Резултат на тоа е уверувањето на Францис дека само со намалената моќ на Римската курија, Црквата може да стане инклузивна и да им ја отвори вратата на маргинализираните, како што се хомосексуалците и разведените.

Таквиот пристап на Францис му донел некои победи, како заобиколувањето на конзервативните бискупи во постапката на поедноставување на поништувањето на црквените бракови. Но, имало и неуспеси, како давањето премногу моќ на само еден кардинал за решавање на ватиканските финансии, па подоцна морал да го „заузда“.

Дел од критичарите на Францис од Црквата велат дека избрзува со одлуките и бараат поголема транспарентност, пишува Dnevnik.hr. Сметаат дека неговите одлуки за воспоставувањето на нови структури, како што се „министерството за економија“ и надворешниот советодавен совет составен од осум кардинали од целиот свет создаваат поделби и дека, наместо тоа, можел да започне промени со поставување на нови луѓе на чело на постоечките структури.

НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КОЈ МУ Е БЛИЗОК 

Една од најголемите разлики помеѓу папата Францис и неговите претходници е тоа што речиси е невозможно да се утврди кој му е, а кој не, навистина близок.

Личните секретари на Бенедикт и Иван Павле секогаш биле покрај нив и служеле како моќни чувари на пристапот на папата, а притоа и самите станале еден вид на славни луѓе.

Спротивно на тоа, мал број на луѓе го знаат идентитетот на двајцата секретари на Францис, Аргентинецот Фабијан Педачио Леаниз и Јоанис Лахзи Гаид од Египет. И двајцата работат и други работи во Ватикан и не патуваат со папата.

PAPA FRANCISCO„Тој не сака никакви филтери“, вели личност која добро го познава папата. „Понекогаш ќе му рече на еден од своите секретари дека ’таа и таа личност доаѓа за неколку минути’, а тој тоа прв пат го слуша. Некогаш му кажува само на едниот, а другиот не знае ништо.“

Папата Францис сака да ги крши правилата, а потоа, кога шокот ќе спласне, и да ги промени. Две недели по изборите им допуштил на жените да учествуваат во литургиските служби, што дотогаш било резервирано само за мажите. Некој месец подоцна тоа и формално го легализирал.

ГИ СЛУША ПОРУЧНИЦИТЕ, А НЕ ГЕНЕРАЛИТЕ 

Откажувањето на Бенедикт XVI беше кулминацијата на еден од најтурбулентните периоди во модерната ватиканска историја, одбележано со скандали, корупција, па дури и апсење на батлерот на папата поради откривање на ватикански тајни.

Откако Францис бил избран, именувал луѓе на кои им верува на средни или ниски позиции во ватиканските дикастерии да му бидат негови очи и уши. Така, неговиот секретар Педачио работи во конгрегацијата за бискупи.

Монсијор Батиста Марио Салваторе Рика, Италијанец кој ја води гостинската куќа во која живее папата, добил позиција во Ватиканската банка и сега служи како „човек за врски“ помеѓу извршниот одбор и надзорниот кардиналски одбор кој го именувал Францис.

Pope Francis waves after leading his weekly general audience at St. Peter's Square at the Vatican„Тој понекогаш е како командант кој не се грижи што му велат генералите. Го интересира што велат поручниците“, рекол неименуван извор за „Ројтерс“, додавајќи дека Францис ужива во деструкција на неефикасната ватиканска бирократија.

Неколку личности со кои разговарал „Ројтерс“, велат дека Францис премногу се потпира на својот прв впечаток кога станува збор за луѓето. Кога некого ќе засака, станува слеп за неговите недостатоци, а кога некоја личност не му се допаѓа, тешко може да го поправи првиот впечаток.

Како пример за неговите избрзани одлуки е именувањето на Франческа Чауки, 32-годишна италијанска стручњачка за односи со јавноста, во советодавната комисија за реформи. Пред неколку месеци ватиканскиот суд ја прогласи за виновна за доставување на доверливи документи на новинарите.

Иако здравјето добро го служи, папата Францис има 80 години и чувствува дека нема доволно време за сите реформи кои ги сака, а тоа можеби објаснува зошто знае да избрза во некои одлуки.

Во меѓувреме, скромниот албански свештеник и 16 други црковни великодостојници на свечениот конзисториум во сабота во Ватикан ќе станат кардинали. Меѓу нив има и 13 помлади од 80 години, што значи дека можат да се изберат, а некој од нив и да стане наследникот на Францис.

/ТОЧКА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *