Почетна Вести Европа Папата ќе ги посети Тајланд и Јапонија по речиси 40 години
Папата ќе ги посети Тајланд и Јапонија по речиси 40 години

Папата ќе ги посети Тајланд и Јапонија по речиси 40 години

119
0

Папата Франциск ќе ги посети Тајланд и Јапонија во ноември, што ќе биде прва посета на папата на тие земји по речиси 40 години, изјави извор од Ватикан.

Папата ќе го посети Тајланд од 20 до 23 ноември, а Јапонија од 23 до 26 ноември. Во Јапонија, папата ќе го посети Токио и двата града на кои САД фрлија атомска бомба на крајот на Втората светска војна – Хирошима и Нагасаки, рече владиниот портпарол Јошихиде Суга.

Тоа ќе биде прва посета на папата на Јапонија од 1981 година.

Папата ќе го посети Тајланд на 350-годишнината од сијамската мисија, основана од папата Климент IX, а која беше задолжена за мисионерска работа во Сијам, денешен Тајланд.

Папата Иван Павле го посети Тајланд во 1984 година. Католиците се малцинство во будистичкиот Тајланд и сочинуваат помалку од 2 проценти од населението.

Азиските патувања на папата се дел од напорите за зајакнување на дијалогот со другите религии, со цел промовирање на светскиот мир.

/makfax

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *