Почетна Вести Европа Папата ја прифати оставката на кардиналот обвинет за прикривање сексуални злосторства
Папата ја прифати оставката на кардиналот обвинет за прикривање сексуални злосторства

Папата ја прифати оставката на кардиналот обвинет за прикривање сексуални злосторства

135
0

Папата Франциск  ја прифати оставката на кардиналот и чилеански надбискуп Рикардо Ецати, највисоко рангиран католички свештеник во Чиле, поради вмешаноста во скандалот со сексуално злоставување во земјата, пренесе Ројтерс.

Во изјавата што Ватикан ја објави денес стои дека до именување на заменик на Ецати надбискупските работи ќе ги врши бискупот Аос Брако од градот Копиапо.

77-годишниот Ецати е обвинет за прикривање на повеќе случаи на сексуално злоставување вклучувајќи го и оној на Оскар Муноз од надбискупијата во Сантијаго кој е обвинет за силување на најмалку пет деца.

Минатиот октомври Ецати одби да одговора на прашања за време на испитувањето на државниот обвинител.

Ова е осма оставка на бискуп во Чиле откако во мај минатата година на итен состанок со папата сите 34 бискупи ја понудија својата оставка поради обвиненијата за прикривање на злосторства во Чиле.

Состанокот е одржан откако ватиканските истражувачи направија извештај на 2300 страници во кој утврдиле поврзаност на највисоките структури на Католичката црква, односно дека некои претставници не реагирале на обвинувањата за злоставување или дури и ги прикривале.

/mkd.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *