Папата ја откажа средбата со Архиепископот Стефан поради здравствени причини

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан не се сретна со Папата Франциск денеска во Ватикан, иако беше предвидена првата официјална посета на поглаварот на МПЦ-ОА. Причината е здравствената состојба на Папата, кој од саботата е со симптоми на настинка и за денеска ги откажал сите предвидени активности.

Неофицијалните информации на Религија.мк, велат дека постои можност средбата сепак да се случи утре, доколку Папата се чувствува подобро. Македонсата црковна делегација утре сепак ќе отслужи молебен за денот на упокојувањето на Свети Кирил во црквата Сан Клементе во Рим.

Веста за одложените средби на Папата ја објави „Ватикан Њуз“.

Поради постојани, благи симптоми слични на грип, папата Фрањо ја откажува аудиенцијата во понеделник. Лесните симптоми слични на грип продолжуваат. Нема треска. Меѓутоа, како мерка на претпазливост, аудиенцијата на папата Франциско утринава е суспендирана“, објави во понеделникот Канцеларијата за печат на Светата столица.

Иако папата Франциско ја откажа саботната аудиенција поради благ грип, Светиот Отец во неделата го одржа своето неделно обраќање Ангел Господов за верниците на плоштадот Свети Петар. Следниот јавен настан на папата Франциско се очекува да биде неговата неделна Генерална аудиенција со верниците во среда наутро во салата Павле VI во Ватикан, пишува „Ватикан Њуз“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...