Почетна Вести Европа Папата ја осуди неправедноста кон мигрантите и апелираше за мир во светот
Папата ја осуди неправедноста кон мигрантите и апелираше за мир во светот

Папата ја осуди неправедноста кон мигрантите и апелираше за мир во светот

140
0

Папата Франциск денеска (25.12.) пред насобраните верници на плоштадот Свети Петар во Рим го повика светот да допушти божикното светло да пробие во „темнината на човечките срца“ која доведува до верски прогонства, социјална неправда, вооружани конфликти и страв од мигранти.

Во својата божиќна порака „Urbi et Orbi“ (до градот и до светот), 83-годишниот поглавар на Римокатоличката црква повика на мир во Светата земја, Сирија, Либан, Јемен, Ирак, Венецуела, Украина и неколку африкански земји во кои владеат вооружени конфликти. Папата говореше за бројните деца кои страдаат во војните и во судирите на Блискиот Исток и во други земји во светот.

Суштината на неговата порака се сведува на тоа дека промената започнува во човечките срца. „Темнината се наоѓа во човечките срца, но светлото на Христос е уште поголемо“, рече папата.

„Темнината се наоѓа во личните, семејните и во општествените односи, но светлото на Христос е поголемо. Темината постои во економските, геополитичките и еколошките конфликти, но уште поголемо е светлото на Христос“, рече тој. Папата предупреди на прогонетите христијани во Буркина Фасо, Мали и Нигерија, замолувајќи го Бога да ги утеши оние кои страдаат поради својата вера. Дел од пораката посвети и на страдањата на мигрантите. „Неправдата ги принудува да поминуваат пустини и мориња кои се претвораат во гробишта. Неправдата ги принудува да трпат неописливи облици на злоставување, поробување од секој вид и мачења во нехумани кампови.“

„Неправдата ги тера од местата каде што би можеле да имаат надеж за достоинствен живот, но наместо тоа се наоѓаат пред ѕидови од рамнодушност“, рече тој. Но, иако во светот има многу големи проблеми, не треба да има обиди да се исправат неправдите некаде далеку, нагласи, советувајќи ги луѓето прво да почнат со промени во своите сопствени заедници за на крај да се исцелат „сите членови на нашето човечко семејство кои страдаат“.

„Нека Бог ни ги омекне нашите често камени и саможивни срци и да ги направи канали на својата љубов. Нека ја донесе својата насмевка, преку нашите сироти лица, на своите деца на светот, на оние кои се напуштени и на оние кои страдаат од насилство“, рече папата Франциско, кој предводи 1,3 милијарди католици во светот.

Потцртувајќи ја оваа порака, покрај папата на балконот на базиликата Свети Петар беа двајца кардинали, Ренато Мартино, претседател на емеритусот на ватиканската канцеларија за имиграција, и Конрад Крајевски, кој дели помош на сиромашните и бездомниците во Рим.

„Преку нашите слаби раце, нека ги облече оние кои немаат што да облечат, нека им даде леб на гладните и нека ги излечи болните“, рече Папата додавајќи дека со пружање пријателство секој може да биде близок со старите, осамените, мигрантите и маргинализираните.

„На овој радосен Божиќ, нека ја донесе својата благост на сите и нека ја расветли темнината на овој свет“, заклучи папата.

За време на својата вечерна богослужба на Бадник, папата Франциско укажа на тоа дека Божиќ не потсетува оти треба да ги сакаме сите луѓе па и оние „најлошите“. Во ист момент алудираше и на злоставувањето во католичката црква. „Можеш да имаш лоши претпоставки во животот, можеш да ги направиш најлошите работи, но Бог нема да престане да те сака. Божјата љубов е бесплатна“, порача поглаварот на католичката црква за време на вечерната миса во црквата Свети Петар во Ватикан.

/D.W

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *