Почетна Вести Папата им миеше нозе, мигрантите со солзи му благодареа
Папата им миеше нозе, мигрантите со солзи му благодареа

Папата им миеше нозе, мигрантите со солзи му благодареа

334
0

Со многу емоции и солзи помина мисата на Папата Франциск денеска во Рим за Велики четврток на која тој им ги изми нозете на мигрантите и бегалците. Многумина од нив со го проследија овој гест на Франциск.

Папата миејќи и милувајќи им ги нозете им рече дека додека има некои луѓе во светот кои се обидуваат да сеат насилство, но Исус ни го покажува патот кон единство, братство и мир.

-Ние сме различни, ние сме единствени. Имаме различни култури и религии, но ние сме браќа и сакаме да живееме во мир , рекол Папата, додавајќи дека секој од нив има своја сопствена приказна. Многу крстови, многу болки, но, исто така, отворено срце кое сака братство .

Франциск  разговараше со 900 мигранти и бегалци кои во моментов се сместени во Прифатниот центар за баратели на азил во Рим. Речиси сите од нив доаѓаат од суб-сахарска Африка.

Папата реши да го прослави овој Велики четврток со Маса на Господовата вечера, откако претходните години бил на миси во затвор и во центри рехабилитација на лицата со хендикеп.

Речиси 900 мигранти, а повеќе од 100 доброволци присуствуваа на мисата. Повеќето од мигрантите се муслимани, а меѓу христијаните, повеќето од нив се Копти или протестанти.

За време на миса, папата Френсис ги изми нозете на 11 мигранти и еден волонтер. Четворица  бил од католичката младина од Нигерија, три коптски жени од Еритреја, тројца муслимани, а еден бил од хинду младите од Индија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *