Почетна Вести Европа Папата им ја подари својата луксузна палата во Рим на бездомниците
Папата им ја подари својата луксузна палата во Рим на бездомниците

Папата им ја подари својата луксузна палата во Рим на бездомниците

179
0

Палатата Милиори е прекрасна зграда од 19 век во сопственост на Римокатоличката црква. Лоцирана е во близина на плоштадот Свети Петар во Ватикан и беше напуштена пред една година од страна на монахињите, кои живеле таму последните  70 години. Палатата тогаш беше реновирана и прашањето беше што ќе направи Црквата со оваа популарна туристичка атракција.

Поради својата близина на клучните точки во Ватикан, имаше предлог палатата да се претвори во хотел кој без сомнение ќе заработуваше добри пари затоа што на огромниот број секојдневни посетители на Рим и во Ватикан секогаш им е потребно квалитетно сместување.

Сепак, папата Франциск цврсто одлучи дека палатата Милиори сега треба да биде дом за бездомниците, пренесува NBC News. За време на големото отворање на реновираната зграда, Папата рече дека убавината лекува. Тој ја благослови палатата на 31 јануари.

Палатата, која неофицијално е позната како Палата на сиромашните, во моментов е дом на околу 50 бездомници, кои живеат во 16 спални соби, со топли оброци подготвени од волонтери.

“Ова место е за мене. Имам сопствен кревет, моја соба и бања. Сосема е различно од домовите каде што досега сум престојувал. Тие места изгледаа како штала полна со добиток”, вели 53-годишниот Марио Бреза, нов станар во засолништето на папата. Покрај животот на улица, ногата му била ампутирана поради сериозна болест и тој живеел од државен додаток за инвалидитет од 270 евра месечно.

Карло Санторо, член на добротворната асоцијација на католичката заедница на Св. Егидиа, која беше вклучена во овој проект, смета дека палатата Миглиори е вистинска мешавина од крајности.

„Тоа е раскошна зграда, веднаш до плоштадот Свети Петар и Базиликата, населена од оние кои, до неодамна, дури и немаа покрив над главата“, истакнува Санторо.

Интересот на папата Франциск за материјално загрозените не е нов. Во 2016 година, тој ги покани сите оние без дом да присуствуваат на масовна служба во Ватикан посветена единствено на нив, а за време на овој настан остро го осуди начинот на кој светот се однесуваше кон најсиромашните членови на нивното општество.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *