Почетна Вести Свет Папата и големиот имам повикаа на слобода на верувањето, на толеранција (ВИДЕО)

Папата и големиот имам повикаа на слобода на верувањето, на толеранција (ВИДЕО)

147
0

Папата Франциск и високиот муслимански свештеник во понеделникот издадоа заеднички повик за слобода на верувањето, за време на првото патување на шефот на католичката црква на Арапскиот Полуостров, објави Франс прес. Папата Франциск е во историска тридневна посета на Обединетите Арапски Емирати.

Тој во Абу Даби одржа разговори со шеикот Ахмед ал-Тајеб, кој е имам на престижниот центар на сунитскиот ислам, Ал-Азхар во Каиро. Двајцата верски лидери потпишаа документ за „човечко братство за светски мир и заедничко живеење“, кој Ватикан го опиша како „важен чекор напред во дијалогот помеѓу христијаните и муслиманите“.

Двајцата лидери повикаа на „слобода на верувањето“, „промоција на културата на толеранција“, „заштита на местата за богослужба“ и „полноправно граѓанство“ за малцинствата.

Клучно е во нашите општества да се воспостави концептот на целосно државјанство и да се отфрли дискриминаторската употреба на терминот малцинства, што предизвикува чувство на изолација и инфериорност“, се вели во документот.

Во него се вели и дека слободата е право на секој човек, „…секој поединец ужива слобода на верувањето, мислата, изразувањето и на дејствувањето“. „Фактот што луѓето се принудени да се приклонат кон одредена религија или култура мора да биде отфрлен, како и наметнувањето начин на животна култура што другите не го прифаќаат“, се вели во соопштението.

Папата се обрати и на меѓуверски состанок на кој присуствуваа шеикот Ахмед ал-Тајеб и лидерите на ОАЕ, каде што се заложи за ставање крај на војните во Источна Азија, вклучително и во Јемен, Сирија, Ирак и Либија.

Принцот-престолонаследник на Абу Даби, шеикот Мохамед бин Зајед, во понеделникот му подари на папата документи за парцелата на која била изградена првата црква во ОАЕ. Франциско за возврат му даде врамен медалјон со средбата помеѓу свети Франческо Асизи и султанот на Египет Малек ал Камел во 1219 година.

/MKD.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *