Папата Франциск упати сочувство за жртвите од пожарите во Лос Анџелес

Date:

Share post:

Папата Франциск денеска изјави дека е „тажен“ поради загубата на животи и големите разурнувања предизвикани од пожарите во областа на Лос Анџелес и упати „искрено сочувство“ до погодените.

Во изјавата што денеска во име на папата ја испрати државниот секретар на Ватикан, кардинал Пјетро Паролин до надбискупот од Лос Анџелес, се наведува дека папата Франциск го уверува надбискупот и заедниците погодени од оваа трагедија во неговата „духовна блискост“ со нив, јави Си-Ен-Ен.

– Доверувајќи ги душите на починатите на милоста на Семоќниот Бог, Неговата Светост изразува искрено сочувство до оние кои жалат за нивната загуба, се вели во соопштението.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img