Почетна Вести Европа Папата Франциско ги спореди Косово и Каталонија
Папата Франциско ги спореди Косово и Каталонија

Папата Франциско ги спореди Косово и Каталонија

158
0

Во интервју кое го даде за шпанското радио Коуп, папата Француско зборувајќи за ситуацијата во Каталонија по референдумот направи споредба со Косово.

„Во историјата имало многу случаи на независност. Постојат земји во Европа кои денес сè уште се во процес на независност, погледнете го Косово и сета таа област која се преправа“, кажа папата додавајќи дека тоа се „историски настани кои ги карактеризираат низа особености.

Потоа папата се осврна на специфичниот случај на Шпанија за да истакне дека самите Шпанци „мора да пресудат“, но кажа дека „најважното нешто во овој момент во која било земја која го има овој вид проблем е да се праша дали е помирена со сопствената историја“.

„Не знам дали Шпанија е целосно помирена со сопствената историја, особено со историјата од минатиот век“, кажа папата, додавајќи дека ако не е мора да направи чекор на помирување со својата историја, што не значи откажување од своите ставови туку влегување во процес на дијалог и помирување.

Во овој момент, папата побара „бегство од идеологиите“ кои според него го попречуваат процесот на помирување, истакнувајќи дека „идеологиите уништуваат“.

Тој се повика на концептот на „национално единство“ кој го опиша како „фасцинантен израз“, но предупреди дека „тоа никогаш нема да биде вреднувано без суштинско помирување на народот“.

„Секоја влада, без оглед на нејзиниот предзнак, мора да ја преземе одговорноста за помирување“, заклучи папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *