Почетна Вести Европа Папата Франциск жестоко ги критикуваше оние кои не носат маска
Папата Франциск жестоко ги критикуваше оние кои не носат маска

Папата Франциск жестоко ги критикуваше оние кои не носат маска

77
0

Папата Франциск нема разбирање за демонстрантите кои се против ограничувачки мерки, особено против носењето маски.

За луѓето кои протестираа по насилната смрт на афроамериканецот Џорџ Флојд, вели дека изразиле здрав гнев против расизмот.

„Некои групи протестираа, одбија да се држат на дистанца, маршираа против забраната за патување – како да мерките наметнати од владите се еден вид политички напад врз личната слобода“, напиша папата во новата книга, пренесува „Гардијан“.

Тој го поддржа носењето маски како вид заштита од короната.

„Истите тие луѓе кои протестираа против ограничувачките мерки, никогаш не би протестирале против смртта на Џорџ Флојд, ниту пак би демонстрирале затоа што некаде во светот на децата им недостасува вода за пиење, образование или поради семејства кои ги изгубиле сите приходи поради пандемијата. Не, тоа не ги допира, тие не би протестирале затоа што не се во можност да излезат од нивниот мал свет на лични интереси“, додаде Франциск.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *