Почетна Вести Регион Папата Франциск во тридневна посета на Грција
Папата Франциск во тридневна посета на Грција

Папата Франциск во тридневна посета на Грција

95
0

На покана на претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, папата Франциск од денеска е во тридневна посета на Грција, а освен средбите што ќе ги има во Атина, ќе го посети и прифатниот центар за бегалци и мигранти на островот Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на посетата, грчката престолнина ќе биде под строги безбедносни мерки, со ангажирани 3.500 полицајци и забрана за одржување на секаков вид протести и собири.

Папата дојде од Кипар, а беше  пречекан од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас.

Утре наутро заминува за Лезбос, каде што ќе остане неколку часа и ќе ги посети бегалците сместени во прифатниот центар во Митилини. Сè уште нема информации дали, исто како и за време на неговото патување на островот во 2016 година, ќе земе во Ватикан бегалци, баратели на азил.

Мисата ќе биде под строги здравствени протоколи со 50 отсто исполнетост на капацитетот на салата, а се очекува да присуствуваат 900 верници и само со специјални покани.

Ова е 35-то патување, на папата Франциск во странство од неговиот избор во 2013 година, а последен пат, во Грција беше во април 2016 година, кога го посети островот Лезбос.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *