Почетна Вести Европа Папата Франциск: Учејќи од бегалците ќе ги избркаме стравовите
Папата Франциск: Учејќи од бегалците ќе ги избркаме стравовите

Папата Франциск: Учејќи од бегалците ќе ги избркаме стравовите

105
0

Папата Франциск ги повика верниците не само да ги прифатат бегалците, туку и да учат од нивните приказни со цел да ги отфрлат стравовите и „искривеното” гледиште за нив.

Папата Франциск го испрати овој повик за одбележувањето на Светскиот ден на бегалците, кој се слави на 20 јуни.

Обраќајќи им се на илјадници верници на плоштадот Свети Петар, Франциск се помоли за сите оние што ги изгубиле животите бегајќи од војната и прогонот и рече дека нивните приказни на болка и надеж, се всушност прилика за меѓусебно разбирање.

„Во реалноста, личните средби со бегалците можат да ги избркаат стравовите и искривените гледишта и да станат патишта за развој на филантропијата“, рече папата.

Неговиот четиригодишен мандат е одбележан со неговата длабока солидарност со бегалците и барањето од државите да градат мостови на добредојде за бегалците наместо ѕидови.

Франциск ја предводеше и молитвата на илјадници луѓе за жртвите од пожарот во Португалија, при што загинаа 62 лица.

Тој минатиот месец го посети португалското светилиште Фатима.

/MKD.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *