Почетна Анализа Папата Франциск стана херој на политичката левица во светот
Папата Франциск стана херој на политичката левица во светот

Папата Франциск стана херој на политичката левица во светот

57
0

Папата Франциск ја пренесе својата божиќна порака пред светската јавност и тоа не само како водач на Католичката црква, туку  и како неочекуван знаменосец на напредокот во многу делови од светот, пишува Wall Street Journal. Со порастот на конзервативните и националистичките сили како и заминувањето на американскиот претседател Барак Обама и францускиот, Франсоа Оланд, многу актери од левиот политички спектар – од социјалистите во Латинска Америка до зелените во Европа, се свртуваат кон црковниот поглавар барајќи го неговото водство.

„Папата Франциск навистина претставува инспирација за многу луѓе кои сакаат да се борат. Прилично сум сигурен дека Папата, кога не би бил прв човек на Католичката црква, би бил со нас на протестите“, изјави Bleu Rainer, активист на американското движење за минимална работна саатница од 15 долари, кој минатиот месец отпатува за Рим на меѓународна средба на активистите, каде учествуваше и Папата. „Тој ги зацврстува нашите убедувања и ги претвора во прашање на морал и етика.“

НАПАД ВРЗ ПАЗАРНАТА ЕКОНОМИЈА И ГРИЖА ЗА ОКОЛИНАТА

Поддршката на Папата за многу цели на либералите, што има свои корени во традиционалната грижа на христијаните за сиромашните и обесправените, подразбира и соработка со партнери кои не се согласуваат со важните католички учења. Неговите критичари сметаат дека тој како црковен водач не би требало да зазема толку цврсти ставови кон политичките прашања  кои на католиците им дозволуваат различни погледи кон нив.

francisk-socijalist-1Папата Франциск има цврсти ставови по низа прашања, вклучително и за имиграцијата, климатските промени и економската еднаквост. Во јули 2015 беше објавено неговото енциклично писмо на тема „заштита на животната средина – Laudato Si“, каде побара значително намалување на употребата на фосилни горива, оценувајќи го глобалното затоплување како една од најсериозните закани по животот на Земјата. Документот воедно е и напад врз глобалната пазарна економија, за што Папата тврди дека ја пустоши планетата  на штета на сиромашните слоеви и идните генерации. Дополнително, Ватикан сега бара од своите ученици да учат за проблемите на животната средина.

Неговите ставови за имиграцијата се децидни: тој се залага за отворени граници за бегалците и економските мигранти, што може да се смета и за отворено критикување на Доналд Трамп. Само неколку денови пред одржувањето на претседателските избори во Америка, Папата во својот говор предупреди на „ширењето ксенофобија и лажното чувство на сигурност кое го создаваат физичките и општествените ѕидови“ , многумина го протолкуваа како критика кон политиката на Трамп.

ХЕРОЈ НА ПОЛИТИЧКАТА ЛЕВИЦА

Папата зазеде и недвосмислен став по прашањето за економската нееднаквост. „Земјата, домот и вработувањето се свети права“, рече тој и додаде дека кога зборува за овие прашања „некои луѓе заклучуваат дека Папата е комунист“.  Во своето обраќање пред американскиот конгрес во 2015 година, тој ја пофали покојната Дороти Деј од Католичкото работничко движење, за „нејзиниот општествен активизам, страста за правда и правата на угнетените.“

Таквите изјави направија херој од него за многу политичари од левицата. Американскиот сенатор Берни Сандерс себеси се нарече „обожавател на Папата заради неговата јасност, понизноста, неговото визионерство и храброста.“

Во прилично иновативен потег за еден Папа, Франциск се обрати на годишните собири на разни политички движења: грасрут активистите за права на работниците кои не членуваат во синдикати, земјоделците без земја од државите во развој, припадниците на американската организација Black Lives Matter и протестантите кои бараат повисока минимална плата.

francisk-slika-levpoНа последната средба во ноември, Папата им порача на активистите „да ја ревитализираат демократијата која поминува низ сериозна криза“ како и да се ангажираат во високата политика во своите земји. Ватикан е покровител и на уште еден собир што ќе се одржи во Калифорнија во февруари, со фокус кон сиромаштијата, миграцијата и расната дискриминација, но не се очекува обраќање од Франциск.

Ставовите на Папата се вкоренети во католичките општествени науки кои започнале со енцикликата на Папата Лео XIII од крајот на 19 век. Енцикликата ја критикуваше претераната слобода на пазарите и го афирмираше правото на работниците на синдикално организирање. „Тој не ја промени радикално поентата на општествената наука на Црквата“, изјави надбискупот Силвано Томси, шеф на канцеларијата за прашања на социјалната праведност во Ватикан.

Како млад свештеник во Аргентина, тој ги исклучи марксистичките учења од католичката теологија во корист на теологија на народот, што го отфрлува материјализмот и класните разлики. Тој и неговото семејство биле поддржувачи на лидерот Хуан Перон, кој беше олицетворение на авторитарниот популизам на левиот центар.

НЕОРТОДОКСНИ СОЈУЗНИШТВА

Историчарите потсетуваат на преседаните во модерната историја во која папите се поврзуваат со одредени политички движења. По Втората светска војна, Ватикан ја поддржуваше италијанската партија „Христијански демократи“, а во осумдесеттите години од минатиот век, папата Јован Павле Втори  го поддржуваше движењето „Солидарност“ во Полска, забрзувајќи го крајот на Студената војна и распаѓањето на Советскиот Сојуз. И двете движења беа експлицитно антикомунистички.

Како сојузници на Папата Франциск се јавуваат и некои необични политички фигури. Боливискиот претседател, Ево Моралес, левичар кој жестоко ги напаѓа глобализациските трендови, минатата година му подари на Папата скулптура на која биле поврзани симболите на распетието и комунистичките срп и чекан. Папата изјави дека не се навредил од подарокот, и го примил со благодарност.

francisk-socijalist-3Критичарите пак предупредуваат дека доколку Папата премногу се поврзе со едната страна од политичкиот спектар, би можел да се оддалечи од конзервативните католици. Анкетите при американските претседателски избори покажале дека повеќе од половината католици во САД гласале за Доналд Трамп. „Глобалната левица јасно гледа можност за вградување на папскиот престиж во остварувањето на своите цели“, оценува Самуел Грег, шеф на тинк-тенкот Action Institute, специјализиран за студии за слободен пазар и религија. „Тоа доведува до поларизација во Црквата во врска со политичките и општествените прашања“, дополнува тој.

НЕ Е МАРКСИСТ ИЛИ ЛЕВИЧАР, ТУКУ ГИ ЛЕЧИ ОПШТЕСТВЕНИТЕ РАНИ

Ставовите на папата Францис го направија сојузник со општествени групи кои во принцип се спротивставени на традиционалното католичко учење за моралот. Многу активисти за заштита на животната средина се залагаат за контрола на порастот на популацијата како еден од начините за заштита на околината и ограничување на загадувањето, а католичката доктрина забранува абортус и контрацепција. Папата ја осуди дискриминацијата на геј популацијата и повика на сочувство и разбирање за трансродовите лица, но и понатаму не ги прифаќа истополните бракови.

Папата ги ублажи своите помалку незгодни прогресивни сојузништва со избегнување на чувствителни прашања кои се однесуваат на етиката на сексуалноста и медицината, ставајќи акцент на економската нееднаквост и заштита на околината. „Неговите политички определби и односи влечат кон левата страна“, изјави надбискупот Томаси, „но не заради што е марксист или левичар, туку затоа што тие (групации) ги претставуваат општествените рани“, заклучува тој.

/ФАКУЛТЕТИ.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *